|

БИЗОН, АНТИЛОПИ, ЛЕМУРИ И ПАТАС МАЈМУНИ НОВИ ЖИТЕЛИ НА БИТОЛСКАТА ЗООЛОШКА

Битолската зоолошка градина наскоро ќе добие нови жители – бизон, антилопи, коати, свети ибис, сервал и буву буву, кои ќе пристигнат од зоолошката градина во Белград, додека веќе денес се очекува пристигнување на мајмуни од видот патас, лемури и коати од Скопје.

Со ова, Зоолошката градина во Битола значително ќе го збогати својот животински фонд и ќе понуди уште поатрактивна содржина за посетителите, особено за најмладите, кои се најчести гости заедно со своите семејства.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид во тековните активности во градината, каде што најави реализација на два значајни проекти. Станува збор за изградба на терариум и нов објект за копитари, проекти поддржани од Министерството за култура и туризам, а аплицирани од Општина Битола во рамки на вториот владин повик.

Директорот на зоолошката градина, Жарко Тренковски, информираше дека во моментов се работи на интензивно пролетно уредување и подобрување на условите за престој на животните, со цел подигнување на нивната благосостојба и зголемување на атрактивноста на градината.

Зоолошката градина во Битола, која е единствена од ваков вид во регионот, бележи зголемена посетеност, не само од локални посетители, туку и од ученици од други градови и соседна Грција.

Во насока на унапредување на работата, годинава е предвидена и едукативна програма за вработените, која ќе се реализира во зооло

Слични Објави