Разговор со Душица Перишиќ и Александар Цветкоски
До каде е процесот на децентрализицаја, колку се транспарентни општините од Пелагонискиот регион, колкав процент од вкупниот буџет се одделува за општините, финасирање на општините, колку квалитетни услуги добиваат граѓаните и за многу други прашања поврани со локалната самоуправа, во емисијата Аргумент плус на 24 Вести разговараат Александар Цветкоски-АГТИС и Душица Перишиќ-ЗЕЛС
Учеството на претставници од АГТИС, ЗЕЛС, претставници од ЛС, експерти, во емисиите на ОТВ и на други медиуми во Македонија е да се даде придонес кон реафирмацијата на граѓанско учество во процесите на носење одлуки на локално и регионално ниво во Пелагонискиот Плански Регион (ППР), што ќе ја зајакне побарувачката и јавниот притисок за отчетност и транспарентност на општините и ентитетите (институциите), кои тие ги формираат и/или раководат и „централните тела“ за локален и регионален развој, а исто така ќе ги мотивира општините и институционалните актери да ја подобрат, комплетираат и зголемат понудата на е – услуги и отворени податоци, во јасни и разбирливи форми на информирање.
Настапите се во рамки на проектот на АГТИС, со наслов „Отворени општини, со отворени податоци“, финансиран од НЕД.