10 години Delirium Tremens – Кога немаме театарска зграда, може и во Клуб (видео)
Уште сте тука? Претставата е одложена, затоа што главниот артист се напил! Кога ќе има следна претстава? Па тоа јас не можам да ви го кажам…. а, не може да ви го каже никој, затоа што тука се е забегано.
Реплики од претставата „Делириум тременс“ според текст на Благоја Ристески – Платнар, монодрама на Игор Трпчески, кои звучат како да се пишувани за сегашната состојба на театарот во Прилеп, иако премиерата на оваа претстава беше пред точно 10 години.
Во ситуација кога Прилеп нема функционална сцена, Игор и другарите Димитар, Менде, Филип и Борче (бендот кој во живо ја збогатува атмосферата на претставата) решија да му подарат на градот една квалитетно помината вечер во Клуб Дипломатик.
Прилеп има публика, има одлични уметници, знае да прави и ангажирани претстави кои не тераат да размислувама и да се прашуваме, а Delirium Tremens е баш таква претстава.