Вечерва, концерт со Ламбе Алабаковски и група Марифет, во дворот пред храмот „Св. Петка“ за доизградба на храмот

Уште еден концерт, вечерва (понеделник) 29 јули, во прекрасниот амбиент на цветниот двор пред храмот „Св. Петка“. Овој концерт е дел од циклусот „Од векови за векови“ со цел да помогнеме во доизградбата на нашиот сакан храм.

Вечерва пред вас ќе застане музичката звезда Ламбе Алабаковски, кој ќе настапи како вокал заедно со познатата група Марифет. Тие ќе изведуваат македонски евергрини од 80-тите и 90-тите години, народни песни и авторска музика на Ламбе, во аранжман на групата, создавајќи една уникатна и неповторлива музичка формација.

„Дојдете да уживаме заедно под отворено небо, исполнето со музика, радост и хуманост. Вашето присуство ќе биде значајна поддршка во нашите напори за доизградба на храмот „Св. Петка“. Нека оваа вечер биде повод за заедничко уживање и зближување во верата и љубовта.“


Стои во поканата од Организационен одбор на концертите “Од векови за векови”

Слични Објави