По втор пат „Фестивал на пиперката“ во Кривогаштани
По втор пат, на 31 август на плоштадот во Кривогаштани ќе се одржи „Фестивалот на пиперката“.
Целта на овај фестивал е да се прослави црвеното злато, промоција на локалните производители и агро бизниси, а секако да даде поддршка на македонската естрада.
На фестивалот ќе настапат Евто Пупиновски, Александар Митевски, Драган Спасов Дац, Драган Темелков-Џони, и диџејот Диџеј Дуле, додека како водител Ирена Спировска.
Организторот не ги заборвил и најмалите, за нив подготвено е детска програма со магионичар, убава детска музика и едукативен дел.
„Фестивалот на пиперката“ е во организација на општина Кривогаштани.