Првото родено бебе во 2025 година во општина Прилеп е женско

Денеска, со голема радост, го започнавме првиот ден од новата година со посета на одделението за гинекологија и акушерство во болницата ,,Борка Талески” во Прилеп. Првото новороденче во Новата 2025 година на одделението за гинекологија и акушерство во болницата „Борка Талески“ е женско бебе, со родилна тежина од 3310 грама и 45 см. Мајката Ангела Јанеска и нејзиното прво новороденче, Стефанија, се во одлична општа состојба


Tим на чело со директорот на болницата, на мајката и новороденото бебе им подари прикладни подароци. Истотака, во денешната посета, мајката доби подароци и од Општина Прилеп, градоначалникот Борче Јовчески заедно со Претседателката на Советот на Општина Прилеп.

Со ваков убав почеток, веруваме дека оваа година ќе биде бериќетна за сите нас во општина Прилеп.

Слични Објави