ИЗВЕСТУВАЊЕ: ВО АЛИНЦИ ВОДАТА ДА СЕ ВРИЕ…

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Загорани – Ѕвездакоски – водоводна мрежа и л.в.с. Веселчани – двор – водоводна мрежа одговара за употреба додека водата од мерно место л.в.с. Алинци – двор – водоводна мрежа не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.

Исто така Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Лагово – Петрески Тоде – водоводна мрежа одговара на испитаните параметри но не е безбедна од дополнително загадување заради отсуство на резидуален хлор.

Општина Прилеп

Слични Објави