|

Вечер (24. јули) хуманитарен концерт за доизградба на храмот Св. Петка

Вечерва, 24(среда) јули со почеток во 20:30 часот во преубавиот амбиент на платото пред храмот Св. Петка, ќе се одржи хуманитарен концертот на духовна и македонска народна музика кој е дел од циклусот хуманитарни концерти за доизградба на храмот Св. Петка.

На концерто ќе настапат:

– Женскиот камерен хор „Керамија“ под диригентската палка на Катерина Попоска, дипломиран музичар теоретичар и педагог. Во своето едногодишно постоење, хорот постигна забележителни резултати на државно и меѓународно ниво. Тие ќе се претстават со духовни композиции од Бортњански, Архангелски и други, како и македонски народни песни.

– Црковниот хор „Св. Петка“ под диригентската палка на протопсалт м-р Гоце Секулоски. Хорот активно учествува во молитвено-литургискиот живот на храмот и останатите храмови во Прилеп, а има настапувано на бројни културни манифестации во Македонија. Тие ќе се претстават со духовни композиции од композитори како Христов, Мокрањац, К. Македонски, А. Бадев, Скаловски, Секулоски и други.

„Вашето присуство на овој концерт не само што ќе го збогати вашето духовно и музичко доживување, туку ќе придонесе и кон доизградбата на нашиот свет храм. Ве покануваме да ни се придружите заедно со вашите семејства и пријатели и со вашата поддршка да помогнете во оваа благородна акција. Секој ваш придонес е чекор поблиску до нашата заедничка цел.“

Стои во поканата од Организационен одбор на хуманитарните концерти „Од векови за векови“

Слични Објави