ПРОЕКТИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ СТАНУВААТ ДЕЛА – Спортските терени во ООУ “Елпида Караманди“ во финална фаза

Проектот за реконструкцијата на спортските терени во ООУ “Елпида Караманди“ влегува во финална фаза, пред се на задоволство на најмладите, учениците, вљубениците во спортот, вој проект за граѓаните на Битола, се реализираше на предлог на советничката група Поинаку.

„Посебно ме радува, што овој проект за граѓаните на Битола, се реализираше на предлог на советничката група Поинаку, што уште еднаш ја покажува конструктивноста на локалната самоуправа и мојата подготвеност за соработка со сите советнички групи кога се во прашање проектите и интересите на граѓаните. Јавното признание за уште еден реализиран проект, кое доаѓа од Претседателката на Советот, како еден од најголемите критичари на работата на Општина Битола, исто така е потврда на работата на општината во интерес на битолчани.

На овој начин продолжуваме и понатаму, секогаш подготвени да ги прифатиме и реализираме добрите предлози, независно од која политичка партија доаѓаат.

Како локална самоуправа, започнавме со подготовка на проектна документација за нови спортски игралишта и во ООУ Тодор Ангелевски, во централното училиште и подрачното во Горно Оризари, во Стрелиште, во ООУ Трифун Пановски, во ООУ Климент Охридски, во подрачното училиште на ООУ Коле Канински во Буковски ливади, ООУ Даме Груев и ООУ Ѓорѓи Сугарев. Во подготовка е и проектна документација за тениското игралиште во ООУ „Елпида Караманди“, кое не беше опфатено со реализираниот проект, а исто така е неопходно за заокружување на целината од спортски игралишта.

По завршувањето на проектната документација од страна на проектантите, ќе пристапиме кон подготовки за изведба, до комплетно модернизирање и уредување на запоставените спортски терени, затоа што ова не се проекти на Тони Коњановски, туку проекти на граѓаните, а сите ние како битолчани заслужуваме подобра спортска инфраструктура.“ изјави градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски

Слични Објави