Велики Четврток – црвено јајце, тивка молитва
Христијаните денес го одбележуваат Велики Четврток, денот кога Исус Христос ја одржал Тајната вечера со своите ученици и ја востановил Светата Тајна Причест.
На оваа вечера, Христос ги научил апостолите на смирение, измивајќи им ги нозете, и говорел за љубовта и жртвата. Тој го најавил своето страдање, укажал на предавството на Јуда и прорекол дека Петар ќе се одрече од Него.
Во православните храмови денес се служи Света Литургија, се читаат Дванаесетте Евангелија и се изнесува Распетието. Верниците се причестуваат, а традиционално се вапцуваат и првите велигденски јајца – најчесто во црвена боја, симбол на Христовата крв и новиот живот.