Важно известување за правилно одлагање на електронски отпад
Ве информираме дека контејнерите поставени од страна на НУЛА ОТПАД се наменети исклучиво за фрлање на електронски отпад. Ова вклучува стари електрични апарати, батерии, мобилни телефони, компјутери, телевизори, печатари и други слични предмети кои не смеат да се одлагаат во обичните контейнери за комунален отпад.
Со цел да се заштити животната средина и да се обезбеди правилно управување со опасниот електронски отпад, апелираме до сите граѓани да ја почитуваат оваа намена на контејнерите и да не ги користат за фрлање на други видови отпад.
Во случај на непочитување на правилата и одлагање на неадекватен отпад, во наредниот период ќе следуваат санкции и казни согласно со прописите.
Ве молиме да се однесувате одговорно и да придонесете за одржување на чистотата и здравата животна средина. – Стои во известувањето од страна на општина Крушево.