ПРВИТЕ АКУШЕРКИ ОД МЕДИЦИНСКО-ПРИЛЕП ПРОСЛАВИЈА 60 ГОДИНИ МАТУРА
Денес во просториите на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, првата генерација од средното медицинско училиште од Прилеп, акушерски смер, прославија 60 години од матура. Класниот час им го одржа директорката на училиштето, Жанета Видевска. На настанот присуствуваа ученици, стручни наставници и наставници по стручни предмети од здравствената струка во ова училиште, како и претставници на медиумите. На лицата на двете присутни акушерки кои одамна се во пензија се читаше нескриена радост и задоволство од настанот кој тие го организираа заедно со раководството на училиштето кое секогаш е отворено за сорабока. „Ентузијазмот на неколкуте медицински сестри, први во Прилеп, да организираат една ваква ретка средба, вроди со плод. Иако нивниот број е многу мал, тие сепак се собраа во училиштето од чиишто клупи излегле многу одамна и ја одбележаа 60-годишнина од матурирањето. Самиот чин на завршување на средно медицинско училиште, пред цели 60 години е за поздравување“, истакна во поздравниот говор директорката на СОУ „Ѓорче Петров“ кое е едно од најатрактивните училишта во регионов. Овој несекојдневен настан кај присутните предизвика многу емоции, но и желба секој да се оствари во својата професија и да дочека да прославува вакви значајни јубилеи.
ФОТО: Фејсбук СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп