Вања Михајлова: Кај нас се правеа „шминки“ ; Сашо Орданоски: Имаме проблем со поширока политичка култура и менталитет

„Колку за информација, во 2002 кога за прв пат е донесен законот за спречување на корупција, ние бевме први во регионот, потоа Словенија го копираше нашиот закон, потоа и други земји, а после тоа, цело време се носеа нови закони усогласени со европското законодавство, додека пак, кај нас се правеа некои „шминки“, а во законот останаа истите критериуми“ – посочува Вања Михајлова, експерт за антикорупција.
„Овој експертски состав не го одразува тој дел од јавноста, и трагедијата е тоа што кога ќе ги погледнете истражувањата на младите генерации, фрапантно е тоа што сите имаме можност да видеме дека 35 годишни луѓе на високи позици масовно се залагаат за ставање на луѓе во ендеци, заглавување на лифтови итн. Колку што имаме проблем со експертскиот и политичкиот дел како се прават реформите, толку имаме проблем со една поширока политичка култура и менталитет“ – потенцира Сашо Орданоски.

Повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар