Уште неколку часа не делат од последнaта 3та вечер од „Prilep Beer Weekend“ 2024
Вечерва е последна вечер од фестивалот на пивото, „Prilep Beer Weekend“ 2024, кој се одржува од 9 до 11 август во центарот од Прилеп.
Според прогамата од организаторот Event Group, вечерва публиката ќе се забавува со:
Amadeus bаnd, DJ Bono, Сања Вучич, Миле Kузмановски.
Веруваме дека последната вечер ќе биде исполнета во духот на добрата забава и музика од познатите Југословенски и Македонски музичари.
Општина Прилеп и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, се едни од главните покровители на оваа манифестација. Предходно беше објавено дека „Општина Прилеп има предвиден буџет од 1 милион денари во програмата за култура со што, традиционално, и оваа година ја поддржува манифестацијата. Во заедничка координација со организаторот, со кој што имаме потпишано меморандум за соработка за организација на манифестацијата, oбезбедена е одлична музичка програма. „Како градоначалник сакам да изразам благодарност на сите пиварници, угостители и компании кои се партнери на овој фестивал и заеднички да придонесеме кон подобар локален економски развој.“
– За време на одржувањето на фестивалот Советот на Општина Прилеп донесе одлука работното време на Чаршијата и угостителските објекти, во трите фестивалски дена, да биде продолжено за два часа.