|

📣 Субвенционирање на велосипеди!  🌿

Општина Прилеп и оваа година ќе доделува субвенции како надоместок на дел од трошоците на граѓаните за набавка на велосипеди, едногласно одлучија советниците на Советот на Општина Прилеп, поддржувајќи ја оваа мерка како значајна, наменета за поттикнување на жителите за користење на алтернативни превозни средства со цел заштита на животната средина.

Со оваа мерка, Општина Прилеп има за цел да ги поттикне граѓаните да се определат за користење на алтернативни превозни средства, со што се заштитува животната средина и се создава подобро здравје кај нашите сограѓани. „Сакаме да апелираме до сите наши граѓани да ги користат своите велосипеди и да ги чуваат и одржуваат своето здравје, истовремено грижејќи за животната средина.“

Возењето на велосипед не само што има позитивен ефект врз здравјето, туку и е пријатен начин на превоз кој не ја загадува нашата животна средина. Велосипедот ви овозможува брзо и едноставно да пристигнете до вашата дестинација, без да создавате штетни емисии.

Затоа, ова е одлична можност да аплицирате на овој повик за да си набавите велосипед и да ја поддржите оваа одлична иницијатива. Општина Прилеп ќе распише Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди за граѓаните на општината. Сите заинтересирани можат да се пријават и да ги искористат предностите на оваа мерка.

За повеќе информации и детали околу Јавниот повик, посетете ја веб страна на Општина Прилеп. Вашиот придонес во одржувањето на животната средина и подобрувањето на вашето здравје е од изразито значење. Заедно можеме да направиме разлика и да го поддржиме нашето здравје и животната средина.

Слични Објави