Затворениот базен во сити молот и лек за потенција
Нема поубаво, отколку затворениот базен на СДСМ да го стават во сити молот на ВМРО – ДПМНЕ. Покапи се, пошопингувај. Има и уште нешто поубаво. Тоа спортската сала, која ќе се градела, да содржи затворен базен, а сето заедно да биде во сити – молот. Поубаво – здравје!
Ама има и понапредни решенија. Ете, на пример, ако некоја партија вети нова железничка станица, друга да им парира со 3 нови градинки, трета партија со 2 нови пензионерски домови, четврта – со патишта до сите села…. можеме сите да ги ставиме заедно. Значи, имаш нови селски патишта до главните или регионалните. Пали колата и од новиот селски пат, одиш на регионалниот, кој (ма се разбира) одма после изборите ќе го направат со 4 ленти, возиш 100 до 120 МК/х (немој повеќе те молам, оти има крави и коњи на патот) и оп: стасуваш до новата железничка станица, каде ќе ја пречекаш швалерката.
Од каде швалерка? Не чувте за проектот „Швалерка за секого“? Па од Украина, разбира се. Само гласајте за нив, ќе ви најдат швалерка. Значи, возиш 100 – 120, одиш на железничка, ја среќаваш швалерката, одите во новиот хотел – во состав на сити молот…
Молам? Од каде хотел и сити мол. Алоооо!!! Не читаш партиски ветувања, ами нема да лажат луѓето. Па се работи за кредибилни личности, кои држат до својот збор. Ќе има и сити мол и железничка и хотел во состав и базент и затворена и отворена сала, терени за одбојка, ракомет, тенис, стиплчез, ќе има јавање, ќе има коњи, ќе има стаза за рели количиња, хектари и хектари шума – уредена ко пицино око. Затоа, не ме прекинувај. Значи… хотел, сити мол… а да: сѝ ручате, се запознавате, ја запознаваш со политичката ситуација дека ние им ги дадовме и тенковите на нејзините собраќа, сѝ го подјадувате филе мињонот, десертче, кафенце, па сѝ подпазарувате купачи за на затворениот базент.
Молам? Од каде пари за тоа сето? Е затоа се исселуваат децата, од такви, кои само прашуваат, а не читаат партиски соопштенија. Нели јасно сите партии ветија европски стандард. Не чу? Едните велат ќе ја дигнат минималната плата на 1500 евра. Другите велат дека ќе ги намалат даноците. Трети велат ќе има странски инвестиции, ќе има таква конкуренција помеѓу газдите за работници, што ќе се натпреваруваат кој да даде поголема плата. Па сето тоа го пишува во предизборните понуди, ајде те молам не трујај.
Од каде ќе имало пари? Да ти се плукнам на прашањето. Ние со милијарди крадеме, а нема ниту кривична пријава и требало овде да се нервираме за три четири илјади евра. Ете, те гледам дека ти иде за смеење, ама не од радост, туку од потсмев. Затоа држава не сме имале, оти само со потсмев, без трунка верба сме настапувале. Да немало потсмев и завидлак и да ги слушале предизборните ветувања на Гоце Делчев, немало за Тито да гласаат, туку за нашите. Што излагале до сега партиите? Ако не направиле, имало објективни околности, не дека не сакале. А можеби и Американците им рекле да кочат со тоа изградбата. Ги знаете Американчињата и овие од Европиве… завист. Но што да правиме, тоа е.
Потоа, пред да преминеш на „ноќни активности“ со Украинчето, треба да ја импресионираш, нели? Така, ја носиш на кровот на сити молот, а таму жичара и до Селечка – директ до Чуле и спротивно за Маркови Кули – на врв на Тапанче. Има гаќите сами да ѝ паднат.
Молам? Немало жичара? Така и ми треба, ко си имам работа со копуци и неверни Томи. Читаааај! Читај! Ти вели јасно „ќе изградиме жичара од … до“, јасно и гласно. Затоа јас им предложив да не биде жичарата од 13 – катница до Маркови Кули, туку од Сити молот на двете страни. Јас сум сестран – тоа барем е јавно познато. Значи… импресионираш, пушташ раче на полоњче додека ѝ ја покажуваш од високо новата индустриска зона, новите патеки преку Селце до Момата, па менуваш рака – но сега малку пониско, за да ја свртиш кон Долненска општина да види дека ние и за малцинствата се грижиме и им градиме и нови цркви и нови џамии и нов дом на културата, со музеј, библиотека и детска градинка и во Кривогаштани и во Ропотово и во Житоше, таман да стасате до Чуле и таму, да пиете кафе во новиот планинарски дом, оти малку ќе подсмрзне госпоѓицата. Ладно е, не е играчка на таа висина. Кутри Украинци немаат нѝ рид видено, а не вакви планини. Гушната од ладното, ја водиш во домот, таму.. милина. Запален камин, топлат вино… Е па секоја би ти дала зад 7 ќебиња да е пикната и кожни гаќи да носи. Користиш момент, одма купуваш блејзер во шопот на планинарски, одма назад со жичарата, сите ти завидуваат оти 50 годишно говедо води 20 годишно пиле, а ти цветаш, што благопријатно ќе делува на чупчето.
Понатаму се знае одите во апартманчето и рај, едно 3 – 4 денови, собна послуга и… Како? За такво младо моме требало да имаш „капацитет“ и „алат“? Аман бре, со кого сум фатил работа. Ами читај што ти пишува секој ден во сите весници, што кажуваат на сите медиуми, еве веќе 30 години. Читај што прават по цели 4 години на власт. Ќор си? Ако сакаш сам, тогаш и тоа го ветиле со проектот за подобрување на здравството, каде виаграта ќе биде бесплатна, сите интервенции на „алатот“ влегуваат во операции на бела листа, ќе отворт тренинг центар за „станување“. Убаво пишува дека, ако немаш алат и капацитет, тие ќе те заменат. Зар не си го читал проектот „народот нѝ е еб..а странка“? Кај сите не поминале како им душа сака и чупчето ќе ти го поминат. Ма и тебе ќе те поминат, ако треба.