Одбележани 50 години од формирањето на првиот кошаркарски клуб во Прилеп
Во Клуб „Таверна 1990“ се одржа средба по повод 50 години од формирањето на првиот кошаркарски клуб во Прилеп.
Иако од основањето поминале 52 години, настанот се одржа со мало задоцнување.
Донесена е одлука средбата да стане годишна и традиционална, а за наредната година е најавена изработка на монографија – хронолошки преглед на кошаркарската историја во Прилеп.



