Улицата Филип Втори ќе биде затворена за сообраќај за “Фестивалот на пиперката“ Кривогаштани
Во периодот од 08:00 на 31.08.2024 до 10:00 на 01.09.2024 год., улицата Филип Втори ќе биде целосно затворена за сообраќај со што возилата се пренасочуваат по околната сообраќајна мрежа каде ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација за водење на сообраќајот.
„На ден 31.08.2024 год. општина Кривогаштани ја организира манифестација Црвеното злато на Кривогаштани, односно Фестивалот на пиперката, за таа цел ја известува јавноста за ограничување на сообраќајот односно за режимот на сообраќај во периодот од 08:00 на 31.08.2024 до 10:00 на 01.09.2024 год., улицата Филип Втори ќе биде целосно затворена за сообраќај со што возилата се пренасочуваат по околната сообраќајна мрежа каде ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација за водење на сообраќајот.Товарниот сообраќај ќе се одвива преку регионалниот патен правец Прилеп-Боротино-Обршани.“ – известување од организаторот.