Градежни активности во индустриската зона наспроти фабриката „Жито Прилеп“

Денеска градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески, заедно со директорот на ЈП за ПУП Бранко Нешкоски, инвеститорот и претставници од општината беа на терен со цел увид на градежните активности во индустриската зона наспроти фабриката на „Жито Прилеп“.

Во овој југозападен дел на Прилеп предвидено е да се изгради индустриска улица која ќе ги подобри условите во зоната и која е неопходна во овој дел од градот. Ова е од голема важност за градот посебно за зајакнување и за унапредување на бизнисот, како и за развој на економијата во нашата општина.

“Продолжуваме да создаваме погодни услови за зајакнување и за унапредување на бизнисот, како и за развој на економијата во нашата општина. Во наредните денови ќе продолжиме со увид на повеќе локации низ Прилеп каде се извршуваат градежни активности.“ -стои во изјавата од градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.

Слични Објави