Тутунарите незадоволни од понудените цени
Претседателот на Здружението на тутунопроизводители „Маката на тутуноберачите“, Кире Ристески, денес одржа пресконференција, на која ги презентираше понудените цени од тутунските компании за реколтата 2025 година.
Понудените цени од страна на здружението биле: 510 денари за 1 класа, 450 денари за втора класа и 390 денари за трета класа, со проценка според стариот правилник, со очекување на просечна цена од 420-430 денара.
Но цените кои што откупувачите ги понудиле, се многу пониски.
Итал Макс Тобако : 420 1 класа, 360 – втора класа, 300 – трета класа.
Тутунски комбинат – Прилеп: 420 1 класа, 360 – втора класа, 300 – трета класа,
Секе: 415 – 1 класа, 330 – втора класа, 250 – 3 класа
Аијанса: 415 – 1 класа, 316 – 2 класа, 290 – 3 класа.
Мисиријан: 415 – 1 класа, 312 – 2 класа, 250 – 3 класа
Бако: 420 – 1 класа, 360 – 2 класа, 300 – 3 класа
Пашоски: 420 – 1 класа, 360 – 2 класа, 290 – 3 класа
Кавекс: 420 – 1 класа, 340 – 2 класа, 290 – 3 класа
Сокотаб: 414 – 1 класа, 335 – 2 класа, 250 – 3 класа
Орбита: 420 – 1 класа, 340 – 2 класа, 250 – 3 класа
Според Кире Ристески, најголемите компании ги понудиле најниските цени и како здружение се сомневаат дека и оваа реколта ќе помини со додавање на анекси на договорите и повторно откуп само во прва класа, а со таквиот откуп најмногу губат производителите на квалитетен тутун.
Ристески дополнува дека ингеренциите на здружението се исцрпени и нивната должност е исполнета.
Како решение го нудат и враќањето на стариот закон за откуп на тутун. „Доколку најголемата асоцијација на тутунопроизводители, достави негативно миелсње за содржината на договорот, откупувачот е должен да го усогласи со мислењето на истата, во реко од 5 дена“.
Да се смени Член 43, за увоз на тутун. Да има забрана на увоз на суров тутун, до последниот ден на откупот и измена на член 47, за полагање на лиценци. Односно не само носителот на договорот, туку и членовите на потесното семејство да можат да полагаат лиценци.
Следната недела ќе ги достават официјално овие барања до надлежното министерство, на веќе закажаната средба, а веќе е оформена и работна група со откупувачите.
Во 2023 година се засадебни 13.321 хектар, а 2024 забележува пад на 12 959.