ОТВОРЕНА „СПОМЕН КУЌАТА НА СТЕВАН НАУМОВ СТИВ“
Синоќа во Битола на улицата „Пецо Божиновски“ во непосредна близина на истоименото основно училиште на свечен начин беше отворена реконстуираната „Спомен куќа на Стефан Наумов – Стив“.
На настанот, кој се одржа на денот на раѓањето на народниот херој, присуствуваа потпретседателката на Собранието на Македонија, Весна Бендевска, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, директорот на Завод и музеј Зоран Николовски, внукот на Стив Наумов, кој е и претседател на Сојузот на борци од Битола, Стефан Бошков, како и голем број почитувачи на неговото дело.
На отварањето на Спомен куќата на присутните им се обрати градоначалникот Тони Коњановски, кој меѓудругото истакна:
„На денешен ден е роден народниот херој Стив Наумов и токму затоа верувам дека поставката во неговата родена куќа ќе биде трајна. Со оваа Спомен - куќа воедно ја зголемуваме туристичката понуда за градот Битола, така што посетителите ќе знаат за нашата богата историја и народноослободителна борба“, нагласи Коњановски.



Во родната куќа на народниот херој беше изведена театарска претстава посветена на животот на Стив Наумов, со посебен акцент на неговото револуционерно дело и неговата револуционерна активност. Претставата кој беше адаптирана да се одигра во неговата родна куќа ги трогна присутните и предизвика лавина на емоции.