Златен медал за Македонија- Марија Димовска светски првак во кикбокс

Марија Димовска од Битола стана прв јуниорски светски првак во кикбокс од Македонија, а воедно и првата девојка која станала светски првак по кикбокс во WAKO светската организација во која членува македонската Кикбокс и Маитаи федерација!

Марија Димовска освои златен медал, а Лука Змејкоски сребрен на Светското првенство во кикбокс за јуниори и кадети што се одржува во Будимпешта.

На Светското Првенство во Унгарија учествуваат 2.256 спортисти од 68 држави.

Слични Објави