Крводарителска акција во Општина Прилеп на 13.03.2024 – Дарувај крв спаси нечиј живот!
Општина Прилеп ги повикува сите граѓани во (среда) 13.03.2024 од 09:00 до 14:00 часот, во просториите на Општина Прилеп, кои се во можност да даруваат крв и да спасат нечиј живот.
Општина Прилеп во соработка со Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Прилеп, ја организира крводарителската акција, по повод Денот на крводарителството во Македонија, 17-ти март.