МВР со засилени мерки за безбедно одвивање на локалните избори – ќе користи и дронови

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во пресрет на претстојните локални избори 2025 година презема низа мерки и активности за непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.



Според најавите, на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки низ државата, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир.

Од МВР информираат дека безбедноста на граѓаните ќе биде обезбедена со стандардни материјално-технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење. Дополнително, ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола, што ќе овозможи побрза реакција и преземање соодветни мерки во случај на инциденти.

Министерството апелира до сите граѓани и политички партии да придонесат кон мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.

Од МВР додаваат дека во текот на изборниот ден јавноста ќе биде редовно информирана за текот на изборниот процес и сите активности поврзани со неговото непречено спроведување.

Слични Објави