Лукароска: „Топташ Скајлајн“ – новата движечка сила на активниот туризам и рекреацијата.

Овде, токму на ова место, ќе никне еден од најубавите проекти во нашиот град, „Топташ Скајлајн“ – новата движечка сила на активниот туризам и рекреацијата.

Спој на природата и современите урбани трендови. Модерен парк на просторот од Шаторов Камен до Топташ на површина од 10 хектари и на само неколку минути од градот.

Место за рекреација, спорт и забава за сите генерации со целосно изградена инфраструктура: уреден пат, паркинг простор, велосипедска и мотокрос патека, ЛЕД осветлување.

Панорамска платформа со неверојатен поглед, кампинг зона, детски игралишта, летниковци, зона за социјални игри, болдеринг, фитнес и јога зони, патека за трчање, зона за тишина.

Сето тоа поврзано со интерактивна веб страница, виртуелна тура и ГПС навигација низ патеките.

„Топташ Скајлајн“- место на кое природата и современиот живот се надополнуваат, создавајќи нова туристичка атракција, нови работни места и нов симбол за гордост на Прилеп и прилепчани!

Слични Објави