Приведен поради екстремно брзо возење на патот Битола–Маково
Возач од битолското село Ношпал бил лишен од слобода откако со своето возило се движел со речиси двојно поголема брзина од дозволената.
Како што информира СВР Битола, на 1 февруари 2026 година околу 15:25 часот, на патниот правец Битола–Маково, полициски службеници го привеле П.Г. (22), откако радарската контрола покажала дека управувал патничко возило „Ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 139 километри на час, на делница каде што максимално дозволената брзина е 60 км/ч.
Поради опасното и безобѕирно однесување во сообраќајот, против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.
Од полицијата апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.



