| |

Родовата перспектива во сенка на локалната политика

Пред локалните избори- Родова еднаквост како клучен предизвик и можност за општините



Се приближуваат локалните избори, а со нив се отвора и прашањето како кандидатите и општините ќе ја адресираат родовата еднаквост, еден од клучните индикатори за развиена и инклузивна локална самоуправа. Родовата еднаквост не е само прашање на фер застапеност на жените и мажите во општинските органи, туку и суштинска алка за подобрување на квалитетот на живот и еднаквоста на сите граѓани.

Моменталната ситуација со Локалните избори во октомври 2025 година, од кандидатите што веќе се објавени, само три жени од вкупно околу 70 кандидати се најавени како кандидатки за градоначалнички во 80-те општини во земјава Ова продолжува да ја вреднува родовата нееднаквост на локално ниво – традиционално, жените се маргинализирани во трката за врвни позициони.

Во минатиот изборен циклус (2021), од сите избрани градоначалници – вкупно 81 лице, вклучувајќи го и Град Скопје – само две жени беа избрани на функцијата. Во истражување кое го има спроведено организцијата Реактор, покажува дека од 660 градоначалници избрани во периодот 1996–2021, само 18 беа жени – градоначалнички, што е убедлив доказ за долгогодишна доминација на машки кандидатури и избори.

Ова е делот со градоначалнички, но каква е состојбата во општините со комисиите кои мора да ги има и за што служат тие комисии.

Според Стратегијата за родова еднаквост на ЗЕЛС за периодот 2018–2030, општините мора системски да го вклучат родовиот аспект во сите свои политики и активности. Основните потреби се:

  • Формирање и активна работа на Комисии за родова еднаквост, кои ќе учествуваат во креирањето политики, донесување одлуки и мониторинг на родовата еднаквост.
  • Именување координатори за еднакви можности во рамки на општинската администрација, кои ќе ја координираат имплементацијата на родовите политики.
  • Интеграција на родово одговорно буџетирање како алатка за фер распределба на финансиски средства, која овозможува поддршка на потребите на различните групи во заедницата.
  • Јакнење на капацитетите на општинските службеници преку обуки и едукација за родова еднаквост, недискриминација и превенција на родово базирано насилство.
  • Промоција на активно учество на жените во локалната политика и одлучувачките позиции.

Но, во пракса, во поголем дел од општините сите овие обврски се соочуваат со недостиг од човечки и финансиски ресурси, формален пристап и слаба политичка волја.

А што се однесув на Родово одговорното буџетирање е една од клучните алатки за правична распределба на јавните ресурси, но во Македонија сè уште не е широко прифатено ниту системски спроведено. Во најголем дел од општините, оваа практика е во пилот-фаза или целосно отсутна, што значи дека потребите на различни групи – особено жените – не се соодветно адресирани во буџетите.

Во делот на локалните избори и поврзаноста со закоските обврски и стратеги и на прашањето, Дали општините се подготвени за овие предизвици?, може многу да се зборува но!

Локалните избори би можеле да бидат вистинска шанса за враќање на темата родова еднаквост на агендата, но тоа ќе зависи од тоа дали кандидатите ќе понудат конкретни политики и мерки, или само декларативна поддршка.

Иако стратегијата постои и дава јасни упатства, реалната примена на родовата еднаквост на локално ниво е уште пред големи предизвици:

  • Во голем број општини, Комисиите за родова еднаквост се формирани, но нивната активност е ограничена, а ресурсите малку.
  • Координаторите за еднакви можности се назначуваат, но немаат секогаш доволна поддршка за ефективна работа.
  • Родово одговорното буџетирање сè уште е во фаза на пилотирање и не е широко применето.
  • Потребно е интензивирање на обуките и едукативните активности, како и поголема свест во јавноста.

Предизвик и шанса во изборите. Со наближувањето на локалните избори, кандидатите имаат шанса да покажат сериозен ангажман кон родовата еднаквост и да ги вклучат овие принципи во своите програми. Инклузивната локална самоуправа која се грижи за еднаквост и недискриминација, не само што ја зголемува довербата на граѓаните, туку и придонесува за одржлив развој и подобар квалитет на живот за сите.

Локалните избори ја нудат шансата да се направи сериозна промена – но тоа ќе зависи од тоа колку политичките партии и кандидатите се подготвени да ја вклучат родовата рамноправност во вистинска акција, а не само декларативно.

Во октомври, гласачите ќе имаат можност да препознаат дали нивните кандидати се залагаат за вистински промени – или само повторуваат познати фрази без реална намера за делување.

Слични Објави