|

Капење за Водици во с. Плетвар – годинава по петти пат

По повод празникот Богојавление – Водици, годинава по петти пат ќе се одржи традиционалното капење во езерото во селото Плетвар. До сега се пријавиле над 80 учесници, а заинтересираните можат да се пријават најдоцна до петок, 17 јануари, на телефонскиот број 078/520-792.

Настанот, кој секоја година привлекува сè поголем интерес, не само од граѓаните на Прилеп, туку и од посетители од Битола и Скопје, станува вистинска атракција. Организаторите очекуваат годинава бројот да биде уште поголем, продолжувајќи ја традицијата и негувајќи го духот на празникот.

Слични Објави