СООПШТЕНИЕ ОД ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
Црвениот крст на Република Северна Македонија веќе втор ден активно работи на поддршка за настраданите во пожарот во Кочани. Организацијата продолжува со обезбедување на хуманитарна помош преку: психолошка поддршка, прва помош, транспорт, материјална поддршка. Во активностите се вклучени 120 лица – вработени и волонтери. Црвениот крст е во постојана комуникација со релевантните институции за да ги процени и одговори на хуманитарните потреби.
Граѓаните можат да добијат поддршка во пунктовите на Црвениот крст во болниците во Скопје, Штип и Кочани, каде што им се овозможува: сместување,освежување,храна,прва помош и психолошка поддршка.
Контакт за прва психолошка помош:
- Кочани: 071/338-081
- Штип: 074/203-030
- Скопје: 072/271-048
Досега се собрани 6.484.916 денари за помош на настраданите. Црвениот крст упатува голема благодарност до сите што донирале.
Во соработка со националните друштва на Црвениот крст, на семејствата на хоспитализираните лица во регионот ќе им се овозможи:
Транспорт
Сместување
Психолошка поддршка
Други форми на помош
Контакти за помош во:
- Бугарија: +359 2 987 46 52
- Србија: +381 60 185 15 18
- Хрватска: +389 71 341 985
Начини за донација
Банкарска сметка
- Комерцијална банка
- Назнака: Помош за настраданите во пожарот во Кочани
- Сметка: 300000001327966
Донации преку телефон
- Македонски Телеком и А1 Македонија: 143 400 (донација од 100 ден.)
Онлајн донации
solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija
Црвениот крст повикува на солидарност и поддршка за настраданите семејства.