|

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) заврши успешна ноемвриска кампања

УКЛО кон крајот на минатата неделата и викендот со серија настани одбележа значајни настани поврзани со својата мисија: Меѓународниот ден на науката за мир и развој (10 ноември) и Меѓународниот ден на студентот (17 ноември).

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) заврши успешна ноемвриска кампања посветена на прославување на значајни датуми од календарот на образованието и науката.

Во чест на Меѓународниот ден на науката за мир и развој, УКЛО организираше меѓународна научна конференција со рекорден број на учесници од повеќе од 10 земји, меѓу кои САД и Индија. Конференцијата се фокусираше на мултидисциплинарен пристап кон остварување на целите за одржлив развој, потврдувајќи ја посветеноста на универзитетот кон глобалниот дијалог и соработка.

Во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на студентот, УКЛО организираше КОЛОРС Меѓународна колаборативна лабораторија и мастер клас, со цел да се промовира инклузивно општество. Студенти со посебни потреби имаа можност да споделат свои искуства и да создадат инспиративна атмосфера.

УКЛО не заборава ниту на своите најдобри научници. Во текот на овој период, беа прогласени најдобрите учeници за 2023/24 година, кои со својот труд и достигнувања ја зголемуваат престижот на универзитетот.

УКЛО промовираше јубилејна поштенска марка со која се одбележува еден век наука и знаење. Ова е уште една потврда за долгата и богата историја на универзитетот и неговиот значителен придонес во македонското општество.

„Овие настани се само дел од нашите активности за оваа година“, изјави ректорот Игор Неделкоски. „Во декември ќе продолжиме со традиционалното одбележување на нашиот патрон Св. Климент Охридски и со Годишната студентска конференција. Ова покажува дека УКЛО е динамична институција која постојано се развива и се адаптира на новите предизвици.“

Слични Објави