| |

СООПШТЕНИЕ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП: ПОЖАРОТ Е СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ, ПРОБЛЕМОТ СО ПОЖАРОТ НА ДЕПОНИЈАТА КАЈ АЛИНЦИ Е НАДМИНАТ!

По неколкудневна интензивна акција и координирана работа на сите надлежни служби, ситуацијата со пожарот на депонијата кај Алинци е ставена под контрола. Благодарение на несебичната помош од компанијата Бехтел и Енка, Министерството за транспорт и Министерството за животна средина, како и посветеноста на ЈКП Комуналец, ЈКП Водовод и Канализација и екипите на ТППЕ Прилеп, пожарот е целосно изгаснат, а ризикот за натамошни последици е отстранет.

Во моментов повеќе нема густ чад, а со преземените мерки веруваме дека овој проблем е конечно решен.

Општина Прилеп уште еднаш упатува апел до сите граѓани за одговорно постапување и заедничка грижа за животната средина. Да бидеме свесни дека чист и безбеден град е одговорност на сите нас!

Слични Објави