Кривогаштани и Долнени заедно против комуналните проблеми
Во просториите на Општина Долнени се одржа работна средба со градоначалникот на Општина Долнени Блерим Ислами, градоначалникот на Општина Кривогаштани Игор Каравилоски и директорот на Јавното комунално претпријатие „Долнени“, Џемалудин Џафероски.
На средбата беа разгледани можностите за унапредување на меѓуопштинската соработка, со посебен акцент на проблемите со честите прекини во водоснабдувањето на населените места Подвис, Годивле и Кореница, кои се снабдуваат со вода преку Регионалниот водоснабдителен систем „Студенчица“.
Се разговараше и за заедничко решавање на тековни и идни комунални предизвици, подобрување на услугите кон граѓаните, како и за подобра координација при одржување и развој на комуналната инфраструктура.
Беше истакната важноста од отворена комуникација и партнерски однос меѓу општините и јавните претпријатија, со цел поефикасно и побрзо решавање на проблемите од заеднички интерес.
Средбата помина во конструктивна атмосфера со изразена подготвеност за продлабочување на соработката во наредниот период.



