Снег и забрани за сообраќај: Патот Охрид – Ресен затворен поради сообраќајна незгода

Информации од АМСМ 20:40

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 19:10ч. магистралниот пат А2 Охрид – Ресен кај превојот Буково сообраќајот е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода.

Воведена забрана за сите видови возила на патниот правец Струга – Ќафасан поради обилни врнежи од снег на коловозот.

Од 20:40 часот, поради интензивни врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци:

  • Маврово – Дебар
  • Тетово – Попова Шапка (за сите останати задолжителна употреба зимска опрема (ланци))
  • Гостивар – Кичево (Стража)
  • Битола – Ресен (Ѓавато)
  • Охрид – Ресен (Буково)

Слични Објави