8 април Меѓународнен ден на Ромите – Празник на идентитетот, но и потсетник за реалните предизвици


На 8 април, ширум светот се одбележува Меѓународниот ден на Ромите – ден посветен на славење на ромската култура, традиција и идентитет, но и на подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочува ромската заедница.

Денот е официјално прогласен во 1990 година во Сероцк, Полска, како потсетник на Првиот светски ромски конгрес одржан во 1971 година во близина на Лондон. Тогаш биле поставени темелите на современото ромско движење, усвоена химната „Ѓелем, ѓелем“ и ромското знаме – сино-зелена двобојка со црвено тркало како симбол на движењето и историјата на Ромите.

Иако 8 април е ден исполнет со честитки, пораки за соживот и поддршка од институции, организации и поединци, реалноста за многу Роми не завршува со овој датум. Предизвиците поврзани со образованието, вработувањето и социјалната интеграција остануваат присутни во текот на целата година.

Претставници на заедницата нагласуваат дека вистинската промена треба да започне одвнатре – со негување на културата и традицијата, меѓусебна почит и вложување во личен и колективен развој. Акцентот се става на образованието како клучен фактор за напредок, како и на заедништвото и активното учество во општеството.

„Живееме во мултиетничко општество и нашата сила е во тоа да бидеме рамноправен дел од него – со достоинство, вредности и визија за иднината“, порачуваат од заедницата.

Одбележувањето на овој ден претставува можност не само за славење, туку и за отворање на суштински прашања и поттикнување конкретни чекори кон поголема еднаквост и интеграција.

Baxalo 8-to April – Maskarthemutno dive e Romengoro!

ЧЕСТИТ 8-МИ АПРИЛ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ!

Слични Објави