Пролет со нестабилни и врнежливи периоди
Се очекува значителна промена на времето во наредните денови.
Денеска, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на некои места ќе има локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат умерени, со максимални вредности до 20°C во некои делови на земјата, вклучувајќи и Скопје.
Од утре, се очекува продор на студена воздушна маса од север, која ќе донесе облачно време со дожд и снег на повисоките места. На планините ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 сантиметри, а ќе дува силен северен ветер со брзина над 70 км/ч, што ќе предизвика значителен пад на температурите. Во понеделник, северниот ветер ќе продолжи да дува, а на некои места ќе има и слаб снег.
По заладувањето со дожд и снег на планините, до Велигден времето ќе се стабилизира, но кон крајот на април повторно ќе биде променливо.
Во следните денови се очекува стабилизирање на временската состојба, но ќе остане ветровито, а утринските температури ќе бидат под нулата насекаде.