|

15ти помина, а плата за просветните работници нема

Од 20 јануари наставата продолжува, без продолжување на зимскиот распуст. Платата за месец декември сѐ уште не е исплатена, иако законскиот рок за исплата истекол на 15 јануари.



Поради ваквата состојба, дел од просветните работници преку социјалните мрежи укажуваат на доцнењето на платата и на финансиските обврски со кои секојдневно се соочуваат. Тие посочуваат дека, и покрај професионалната посветеност и продолжувањето на наставниот процес, имаат редовни сметки и трошоци што мора да се подмират.

Во реакциите се нагласува дека работата во образованието подразбира одговорност и континуитет, но и навремена исплата на заработените средства..

Слични Објави