|

СИЛЈАН ОДЛЕТА СО ВЕТУВАЊЕ ДЕКА ЌЕ СЕ ВРАТИ (видео)

После 4 дена и 4 прекрасни детски претстави, последниот ден на Театарскиот фестивол за деца „Силјан Штркот“, се одржа театарска работилница на која учествуваа триесетина дечиња, кои учеа за театарот. Оваа работилница ја одржа актерката Марија Спиркоска – Илиеска. Дечињата учеа што е тоа театар, без што не може една театарска претстава, кои се оние скриени херои кои не ги гледаме, а без нив претставата би била невозможна. Потоа следеа и игри низ кои се вежбаше концентрација, имагинација, говор на тело, а децата учествуваа со полна посветеност и истовремено уживаа и се забавуваа.



Екипата на ОТВ ги посети и ви ја пренесува атмосферата, Огромна благодарност до волонтерите Искра и Петар, кои беа и наши репортери.

„Силјане, имај безбеден лет, затоа што дечињата те очекуваат и следната година“

Слични Објави