ЈКП „Комуналец“ – Прилеп со бесплатна акција за подигање габаритен отпад

Известување од ЈКП Комуналец – Прилеп

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги известува граѓаните дека започнува со организирано подигање на габаритен отпад од пред домовите.

Пријавување може да се изврши најдоцна до вторник во тековната недела на телефонскиот број: 048/428-992.

Во среда ќе се изготвува планот на релации за подигање, а габаритниот отпад од домаќинствата ќе се подига секој четврток и петок.

Пред подигањето, граѓаните ќе бидат дополнително телефонски контактирани на нивниот мобилен број.

Оваа бесплатна услуга е наменета за помали количини на некорисен мебел и предмети од домаќинствата. Истата не се однесува на граѓани кои вршат целосно реновирање или обновување на станови и куќи.

Да ја чуваме чиста животната средина – секој отпад има свое место.

Слични Објави