Шанса за младите – Новаци субвенционира возачка дозвола

Општина Новаци започна постапка за доделување финансиска помош за млади жители на општината, со цел олеснување на трошоците за стекнување возачка дозвола од Б категорија.



Станува збор за мерка со која секој барател може да добие поддршка во износ од 10.000 денари, наменети за покривање дел од трошоците поврзани со обука, полагање и добивање возачка дозвола. Право на аплицирање имаат млади лица до 26 години, со постојано живеалиште во Општина Новаци.

Од локалната самоуправа информираат дека целта на оваа мерка е да се зголемат можностите за вработување и мобилност на младите, како и нивна поголема вклученост во општествениот и економскиот живот.

– Поддршката е особено значајна за младите од руралните средини, каде што поседувањето возачка дозвола често претставува клучен предуслов за поголема самостојност и пристап до работни места, велат од Општина Новаци.

Целосната информација за условите за учество, начинот на пријавување и потребната документација е објавена на официјалната веб-страница на општината.

Пријавувањето ќе се врши по редослед на пристигнати апликации, сè до исцрпување на предвидениот буџет, поради што од општината апелираат младите да аплицираат навремено.

Со оваа иницијатива, Општина Новаци прави уште еден чекор кон поддршка на младите и создавање подобри услови за нивен личен и професионален развој.

Целосната информација за условите за учество, начинот на пријавување и потребната документација е објавена на официјалната веб-страница на Општина Новаци, на следниот линк:

Слични Објави