| |

Сфати го трикот – Буџетски календар

При спроведување на буџетскиот календар важно е и непосредно вклучување на граѓаните во процесот на давање идеи и предлози за начинот на распределба на јавните средства. За да може да учестваат граѓаните во јавните расправи потребно е да се инфирмирани и да се едуцирани.

Погледнете го хумористично видеото нека ви биде потик за учество во буџетските расправи, бидете дел од креирањето на вашите општински буџети.


Буџетскиот календар претставува алатка со која се утврдуваат роковите за планирање и изготвување на буџетот на општината за наредната фискална година.

Активностите по кои се одвива буџетскиот процес се одвиваат во текот на целата година според динамиката на буџетскиот календар кој го донесува Советот на општината. Во периодот помеѓу месец октомври и декември календарот предвидува конкретни активности кои треба да ги преземе општината со цел да им овозможи на граѓаните да се информираат и вклучуваат активно во подготовката и приоретизација на програмите и проектите во рамките на буџетот на општината.

Слични Објави