10 000 000 евра за униформи и ужинка без јасни процедури

 Според истражувањето објавено од Центарот за граѓански комуникации, се гледа дека во С.Македонија училиштата не се баш така сиромашни. Годишно трошат 10 милиони евра на униформи, ужинка и сликање.

 Во државата има 966 основни и 129 средни училишта, а истражувањето е спроведено во 96 училишта (средни и основни) во 8 општини.

 Ова истражување открива  отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата (униформи, фотографирање, ужина)

Раководствата на училиштата се оградуваат од спроведувањето на овиеа набавки, па така се појави и поделба на училишта кои испратија податоци за видот на набавките и висината на трошоците и училишта кои воошто не испратија податоци. Од оние кои испратија податоци, голем дел не можеа да објаснат како се избрани фирмите за чии услуги плаќаат родителите. Училиштата, пак, што ги доставија податоците доставија многу различни информации во однос на листата на производи и услуги кои се финансираат со пари од родителите и на нивната вредност. Ова укажува дека некои училишта можеби доставиле само дел од информациите, и покрај тоа што тие беа побарани во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Училиштата не ги користат своите веб-страници за објавување релевантни информации во однос на набавките финансирани со пари од родителите, ниту, пак, за информации со кои правни лица се склучени договорите и како е направен нивниот избор. Најголемиот број од училштата воопшто немаа функционални веб-страници.

За ваквото однесување на раководствата на училиштата огромна одговорно сноси и Министреството за образование и наука поради доцнењето со изготвување на подзаконски акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки, им овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите. Според националната стратегија за спречување на корупција (2021-2025) овие акти требало да се донесени до крајот на 2022 година.

Целото истражуване на следниот линк – https://www.ccc.org.mk/images/roditeli.pdf

Слични Објави