„Приказна се чита“ – Саем на книга

Од 18-24 Април, на 36-то Издание на саемот на книга, кој ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“ љубителите на пишаниот збор ќе можат да бираат книги од домашни и странски авгори од преку 60 издавачки куќи од С.Македонија и регионот.

Слоганот „Приказна се чита“ е избран за да се поврзе со опцијата објавуванње „стори“ (англиски: story = приказна)   на социјалните мрежи, со приказните кои ги раскажуваме од омилените книги. Така саемот се обидува да се приближи кон помладите генерации, испишувајќи нова страница на неговото постоење – се вели во најавата.

Саемот на книга ќе биде отворен секој ден, од 10.00 до 22.00 часот. Билети можат да се најдат на влезот на Саемот, како и онлајн преку   www.karti.com.mk.

Министерството за култура на РСМ го поддржува Саемот на книгата во својство на Покровител, како најголема книжевна манифестација во земјата.

Слични Објави