Сеќавање на Хирошима и Нагасаки: Опомена за човештвото

На 6 и 9 август 1945 година, светот го доживеа едно од најцрните поглавја во својата историја. Во текот на Втората светска војна, САД фрлија атомски бомби врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки. Само во првите моменти загинаа над 100.000 луѓе – цивили, мажи, жени и деца. Илјадници други починаа подоцна од повреди, изгореници и последици од радијацијата.

Бомбите не само што донесоа невидено уништување, туку го отворија и атомското доба во кое човештвото доби моќ што може да го уништи целиот живот на Земјата.

Денес, кога повторно се зголемуваат геополитичките тензии и светските сили сѐ почесто ја користат заканата од нуклеарно оружје како политички притисок, сеќавањето на жртвите од Хирошима и Нагасаки добива уште поголемо значење. Овие два града се симболи на страдање, но и на мирот и борбата против нуклеарното наоружување.

Се сеќаваме, не само од почит кон жртвите, туку и како предупредување – дека историјата не смее да се повтори. Нашата колективна одговорност е да изградиме свет без нуклеарна закана. За сегашните и идните генерации.

Никогаш повеќе.

фото; Википедија

Слични Објави