|

8ми Март – Од протести до Меѓународен ден на жената

Прославата на Меѓународниот ден на жената во 1914 година во Германија беше посветена на правото на глас на жените, кое тие го освоија дури во 1918 година. Во Лондон на 8 март 1914 година се одржа марш за поддршка на правото на глас на жените.

По Октомвриската револуција, болшевичката феминистка Александра Колонтаи го убедила Ленин да го направи 8 март национален празник, што било усвоено. Празникот го прифатија и подоцнежните еднопартиски режими, чиј политички и програмски модел беше СССР. Меѓутоа, во многу еднопартиски држави, овој празник ја изгуби основната идеја и стана можност мажите да изразат љубов и почит кон припадниците на спротивниот пол, што служи како еден вид комбинација на Денот на мајката и Денот на вљубените во западните земји.

Во првите децении по Втората светска војна овој празник е поврзуван со социјалистичките и левичарските движења. Но, во втората половина на 60-те години на минатиот век за прослава на 8 март почнуваат да се залагаат и припадничките на феминистичкото движење и женскиот активизам, кое во тој период е во подем, што доведе и до менување на перцепцијата за него и резултираше со прогласувањето на Меѓународниот ден на жената од страна на ОН.

Слични Објави