Тик – Ток забранет во САД
Тик-Ток престанува да работи во САД по федералната забрана која стапи на сила, откако американскиот Конгрес донесе закон кој ја наложува компанијата да го продаде или да се соочи со затворање. Апликацијата повеќе не е достапна за преземање или ажурирање на платформите на „Епл“ и „Гугл“, а корисниците кои веќе ја имаат на своите уреди ќе се соочат со постепено застарување на апликацијата. Без редовно ажурирање, апликацијата може да стане ранлива на сајбер напади и функционалните проблеми.
Тик-Ток ја одбил можноста за продажба на некинески купувач и останал тврд во својата позиција. Додека апликацијата исчезнува од американскиот пазар, пораката до корисниците ги информира дека ќе се работи на решавање на ситуацијата под лидерство на Доналд Трамп, кој вети дека ќе работи на враќање на Тик-Ток откако ќе се врати на претседателската функција.
Оваа одлука следи по години на правни и политички конфликти, почнувајќи од 2020 година кога Трамп предложи првиот обид за забрана на апликацијата. Во последните денови, Врховниот суд на САД потврди дека законот е уставен и ќе остане на сила, додека Белата куќа објави дека Тик-Ток треба да остане достапен за Американците, но под американска сопственост.