„Ќе ти ја тргнеме магијата“ – измамена 62-годишна жена ОСТАНАЛА БЕЗ НАКИТ И ПАРИ
Полицијата работи на расчистување на случај за измама пријавен вчера во ОВР Кочани од 62-годишна жена од кочанско село.
62-годишна жителка на кочанско село пријавила во ОВР Кочани дека била измамена од две женски лица кои дошле во нејзиниот двор и ѝ соопштиле дека врз неа е направена магија.
Според пријавеното, непознатите жени ѝ понудиле „помош“ за да ја „отстранат магијата“ и побарале да им даде пари и златен накит. Жената им го предала побараното, по што двете заминале во непознат правец.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителките.



