|

(видео) Саем на носачи на звук 3 – Прилеп

Третиот саем на винили и музички носачи во Прилеп, во организација на Блаже Томески – Биџо, Јавен Простор Прилеп и Winter Apricots, го обедини духот на колекционерството и љубовта кон аналогниот звук. Настанот, иако млад, веќе се позиционира како балкански – со гости и изложувачи од Србија, Бугарија, Грција и регионот. Винилот останува главната пасија, но не изостануваат ниту касетите и CD-ата, кои и понатаму имаат своја публика.

Посебна вредност даваат издавачите на нови плочи, како Тошо Филиповски и неговото „Corpus Delicti Records“, со изданија на култни македонски бендови („Културнометрички работници“, „Рок агресори“, „Чоканче“, „Паркети“, „Мај Тијерс“, „21 век“). Покрај нив, пазарот нуди богат избор од џез, блуз, рок, панк, њувејв, синтпоп и класика – и секондхенд, и нови изданија.

Трендот на враќање кон грамофонските плочи е очигледен и кај нас – со формирани заедници на Фејсбук и Инстаграм за онлајн продажба и размена. Во неколку градови (Штип, Пробиштип, Струмица, Скопје) веќе се организираат вакви саеми, а интересот расте и кај младите и кај постарата публика.

Овој собир не е само пазар, туку и манифестација со диџеи и музички програми, што пробува да ја стави Македонија како дел од европскиот ренесансен бран на винилот.

Слични Објави