|

20 млади од Македонија ќе се обучуваат за климатска правда и застапување – Аплицирај до 20 септември

Од 6 до 10 октомври 2025 година, на бреговите на Преспанското Езеро ќе се одржи Кампот за климатска правда, каде што 20 млади луѓе од Македонија ќе имаат можност да се стекнат со знаења и вештини за климатска и социјална правда, застапување и локален активизам.



‼️ Ова е јавен повик за учество, а рокот за пријавување е 20 септември 2025 година.

Кој може да се пријави?

млади луѓе кои се:

  • На возраст од 18 до 30 години.
  • Ангажирани и мотивирани за лидерство и активизам во областа на климата, социјалната правда и човековите права.
  • Подготвени да развиваат вештини во застапување политики, дигитални кампањи и мобилизација на заедници.
  • Во можност да присуствуваат на Воведниот ден во Скопје на 24.09.2025.
  • Мотивирани да учествуваат на целиот камп и да придонесат во понатамошните активности.
  • Отворени за соработка, нови искуства и градење врски.

Сите трошоци за сместување, храна и патување се целосно покриени од организаторите, а доколку учесниците се ученици/ки – ќе бидат ослободени од училишните обврски.

За време на кампот, учесниците ќе посетуваат работилници за климатска правда, застапување и грас-рут мобилизација, ќе имаат теренски посети на заедници погодени од климатските промени, како и сесии за раскажување приказни со цел засилување на гласовите на маргинализираните заедници. Тие ќе креираат и локални акциски иницијативи кои подоцна ќе ги спроведат во своите средини.


Кампот се реализира во рамките на проектот „Boosting positive perception for the Just Transition processes among national youth“, кој има за цел да ја зголеми свесноста, ангажманот и учеството на младите во климатските и праведните транзициски политики во Македонија. Проектот е дел од иницијативата Funding Fairer Futures на Climate Action Network Europe (CAN Europe) и е финансиран од Европската унија.

АПЛИЦИРАЈ ТУКА! https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScNEsJe-8V8GIrIhJbGCWfD8m7MGj0qzTMQQk4JVZCRu3ZBsg/viewform?usp=header

За повеќе информаци – Go Green – Биди Зелен

Слични Објави