| |

Започнува формирање на Локален младински совет во Крушево

Денес во Крушево, во организација на Локалниот младински совет од Прилеп, беше одржана работна средба на која беше инициран процесот за формирање на Локален младински совет во Крушево.

Во рамки на оваа иницијатива, предвидени се измени на Статутот, формирање на иницијативен одбор, свикување на собрание и избор на членови на Советот. Ова ќе овозможи младите од Крушево да имаат своја официјална платформа за изразување на своите ставови и активно учество во локалното одлучување.

Формирањето на младински совет е важен чекор за младите во Крушево, бидејќи преку него ќе можат да ги артикулираат своите идеи, потреби и предлози до локалните власти.

Дополнително, ќе бидат организирани обуки за идните членови на Советот, со цел да се зајакнат нивните капацитети и да се подготват за поефикасно застапување на интересите на младите.

Формирањето на Локалниот младински совет во Крушево претставува значаен чекор кон создавање на подобри услови за младинско учество и активно граѓанско ангажирање.

Слични Објави