Јордан Ангелески, 18-годишниот гимназијалец го фати светиот крст за Водици во Прилеп
Осумнаесетгодишниот гимназијалец Јордан Ангелески беше најсреќниот меѓу учесниците и успеа да го фати светиот крст на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Прилеп.
Традиционалната манифестација и оваа година се одржа на базенот во хотелот „Салида“, каде бројни верници и граѓани го проследија чинот на осветување на водите и фрлањето на крстот.
Според верувањето, фаќањето на светиот крст носи здравје, среќа и бериќет во текот на целата година.



